За Нас
Home » За Нас
ЗА НАС
Тренинг центарот за обука за противпожарна заштита и спасување , креиран е како дополнување на повеќе годишното интернационално работно искуство на „ Коузон “ во сферата на заштитата од пожари и противпожарната заштита .
Тренинг центарот за обука за противпожарна заштита и спасување , креиран е како дополнување на повеќе годишното интернационално работно искуство на „ Коузон “ во сферата на заштитата од пожари и противпожарната заштита .
Во соработка со партнерите од Англија * Fire Aid International ,  формиравме обуки за оспособување на млади лица од Македонија за работа на проекти ширум светот т.е на работни активности поврзани со реновирање на туристички бродови за крстарење . Нашите тимови успешно работеа ( и работат ) како FIRE WATCH protection на бродоградилиштата во Франција , Шанија, Канада , Италија, Бахамските острови , Кина , Јапонија , Америка .

Покрај интернационалните проекти , „ Коузон “ формира  и Доброволно противпожарно друштво кое брои повеќе од 340 активни членови.
Сите членови имаат завршени обуки за противпожарна заштита кои ги изведуваат нашите партнери од Англија.
За овој тим на доброволни пожарникари „ Коузон “ ја има обезбедено потребната опрема/униформи и средства за нивно ангажирање (вклучување) во борбата со шумските пожари во Македонија.

Во периодов што следи , „Коузон “ планира набавка  на 1 противпожарно возило за гасење пожари во урбани средини  , како и 2 возила за интервенции при гасење на пожари на отворен простор (шумски пожари).

Како резултат на ентузијазмот кој го поседуваме , направивме напор и обезбедивме навално противпожарно возило од Англија и го дониравме ( заедно со П.И „ Витаминка “ – Прилеп ) на ТППЕ Прилеп. ( слика од донацијата )

Преку нашата посветеност кон обезбедување на сервис во противпожарната заштита , ние нудиме покривност 24/7, 365 дена во годината.

 
+389 78 45 44 26
info@kouzon.com.mk
ПОВЕЌЕ ЗА ИСТОРИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА
„Коузон“ е формиран во месец Октомври 1997 година .
Низ годините на постоење прераснавме во лидерска компанија во областите во кои работиме.
Денес , по 24 години постоење , можеме да истакнеме дека имаме свои претставништва во 17 држави (на 3 континенти) но и план за развој на нашата корпоративна мрежа на уште неколку дестинации ( држави ) .
Нашиот тим
НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ НА ОБУЧУВАЧИ
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.