STCW BASIC SAFETY TRAINING

Обуките за т.н STCW сертификати се спроведуваат во соработка со нашите партнери од Англија - FIRE AID

icon5
STCW BASIC SAFETY TRAINING


Овие обуки ги организираме во соработка со нашите партнери од Англија, реномираната компанија Fire Aid од каде доаѓаат и нашите тренери.


Обуките се изведуваат во тренинг центарот на „ Коузон “.
Обуката во основа трае 5 работни дена (од 8:30 до 17:00 часот )
По успешното завршување на обуката се добиваат 4 сертификати кои одговараат на стандардот предвиден од ИМО по конвенцијата од Манила одржана во 2010 година

STCW значи Стандарди на тренирање, Сертифицирање и набљудување.
STCW – meaning Standards of Training, Certification and Watch keeping


STCW Курсеви

STCW –  цел сет на сертификати по Конвенцијата од Манила 2010 , Обуката трае 5 дена.
     
 Курсот го сочинува следното:

  1. ОСНОВИ НА СПРЕЧУВАЊЕ И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР
    Fire Prevention and Fire Fighting (FF&FP) –  два дена

    Оваа обука им овозможува на “морнарите“ да изградат самодоверба со цел  да проценат и да се справат со голем број на предизвици и опасности  за настанување на пожари кои можат да се случат на различни места на бродовите.
    Обуката опфаќа 1 ден теоретска настава  и 1 ден  практична обука , кој се изведува во „Брод симулатор“ (контењер на  2 ката ), каде учесниците носат “БА сетови“, ( комплет на лична заштитна опрема- пожарникарска опрема ) и при температура од најмалку 340, треба да извршат пребарување на просторот, пронаоѓање и спасување на повредено лице како и да го изгаснат пожарот кој е на вториот кат од симулаторот (контењерот) со употреба на линија со противпожарни црева и млаз вода.


  1. ЕЛЕМЕНТАРНА ПРВА ПОМОШ –
    Elementary First Aid course  – 7 наставни часа

    Обуката содржи два дела -  практичен и теоретски.
    Преку оваа форма на обука за давање на прва помош се укажува на честите медицински случаеви/повреди кои можат да се случат на брод, вклучувајќи го и вештачкото дишење(CPR ) ,преврски и извлекување на повредени лица .

  2. ОСНОВНИ/ЛИЧНИ ТЕХНИКИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ –
    Personal Survival Techniques (PST) – 5 наставни часа + 5 часа во базен

    Обуката е комплексна и се изведува во два дела и тоа:
    теоретски во просториите на тренинг центарот на „ Коузон “ , и
    2 дел базиран на базен, каде учесниците се во вода ( базен ) и активно учествуваат во практицирањето на различни вештини за преживување, вклучувајќи и како да користат елеци за спасување и техники за догочасовно одржување на површината на водата.
    Исто така во оваа обука вклучена е и  обвската да се справат со превртен чамец за спасување и да влезат во него . ( life raft )

  3. ОСНОВНИ/ЛИЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ДОЛЖНОСТИ
    Fire Prevention and Fire Fighting (FF&FP) – 6 наставни часа

    Овој дел од обуката обезбедува сите идни членови на екипажот целосно да ги разберат сите видови на аларми, да можат да спроведат техники за спречување несреќи и да имаат детално познавање на кодексот на безбедна работна пракса.

  4. ПОЗНАВАЊЕ НА ОСНОВНАТА БЕЗБЕДНОСТ – SSA
    Proficiency in Ship Security Awareness – 5 наставни часа

    Учесниците на обуката преку овој дел се запознаваат со тоа  како функционира опшата безбедноста на брод и различните типови на безбедосни закани кои би можеле да се случат. 

Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден

Fire prevention – Every One – Every Day.
Zoran Kochoski - Kouzon Corporation
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.