Обуките за т.н STCW сертификати се спроведуваат во соработка со нашите партнери од Англија - FIRE AID

Овие обуки ги организираме во соработка со нашите партнери од Англија, реномираната компанија Fire Aid од каде доаѓаат и нашите тренери.
Обуките се изведуваат во тренинг центарот на „ Коузон “.
Обуката во основа трае 5 работни дена (од 8:30 до 17:00 часот )
По успешното завршување на обуката се добиваат 4 сертификати кои одговараат на стандардот предвиден од ИМО по конвенцијата од Манила одржана во 2010 година
STCW значи Стандарди на тренирање, Сертифицирање и набљудување.
STCW – meaning Standards of Training, Certification and Watch keeping
STCW Курсеви
STCW – цел сет на сертификати по Конвенцијата од Манила 2010 , Обуката трае 5 дена.
Курсот го сочинува следното:
ОСНОВИ НА СПРЕЧУВАЊЕ И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР
Fire Prevention and Fire Fighting (FF&FP) – два дена
Оваа обука им овозможува на “морнарите“ да изградат самодоверба со цел да проценат и да се справат со голем број на предизвици и опасности за настанување на пожари кои можат да се случат на различни места на бродовите.
Обуката опфаќа 1 ден теоретска настава и 1 ден практична обука , кој се изведува во „Брод симулатор“ (контењер на 2 ката ), каде учесниците носат “БА сетови“, ( комплет на лична заштитна опрема- пожарникарска опрема ) и при температура од најмалку 340℃, треба да извршат пребарување на просторот, пронаоѓање и спасување на повредено лице како и да го изгаснат пожарот кој е на вториот кат од симулаторот (контењерот) со употреба на линија со противпожарни црева и млаз вода.
ЕЛЕМЕНТАРНА ПРВА ПОМОШ –
Elementary First Aid course – 7 наставни часа
Обуката содржи два дела - практичен и теоретски.
Преку оваа форма на обука за давање на прва помош се укажува на честите медицински случаеви/повреди кои можат да се случат на брод, вклучувајќи го и вештачкото дишење(CPR ) ,преврски и извлекување на повредени лица .ОСНОВНИ/ЛИЧНИ ТЕХНИКИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ –
Personal Survival Techniques (PST) – 5 наставни часа + 5 часа во базен
Обуката е комплексна и се изведува во два дела и тоа:
теоретски во просториите на тренинг центарот на „ Коузон “ , и
2 дел базиран на базен, каде учесниците се во вода ( базен ) и активно учествуваат во практицирањето на различни вештини за преживување, вклучувајќи и како да користат елеци за спасување и техники за догочасовно одржување на површината на водата.
Исто така во оваа обука вклучена е и обвската да се справат со превртен чамец за спасување и да влезат во него . ( life raft )ОСНОВНИ/ЛИЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ДОЛЖНОСТИ –
Fire Prevention and Fire Fighting (FF&FP) – 6 наставни часа
Овој дел од обуката обезбедува сите идни членови на екипажот целосно да ги разберат сите видови на аларми, да можат да спроведат техники за спречување несреќи и да имаат детално познавање на кодексот на безбедна работна пракса.ПОЗНАВАЊЕ НА ОСНОВНАТА БЕЗБЕДНОСТ – SSA
Proficiency in Ship Security Awareness – 5 наставни часа
Учесниците на обуката преку овој дел се запознаваат со тоа како функционира опшата безбедноста на брод и различните типови на безбедосни закани кои би можеле да се случат.
Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден
