Обука на персоналот од ЈП Паркови и зеленило – Скопје

Обука на персоналот од ЈП Паркови и зеленило - Скопје , тим за одржување на парк-шумата Водно

ℹ️ 18.04.2026

Во рамки на нашата програма за едукација и превенција, во Коузон тренинг центарот за противпожарна заштита и спасување, организиравме обука за дел од вработените од ЈП паркови и зеленило на Град Скопје

Посебен акцент за оваа група беше ставен на постапките за гасење на пожар на отворен простор и шумски предели , бидејќи сите учесници од групата се тим за одржување и заштита на Парк шумата Водно.

✅ Теоретскиот дел на обуката успешно беше реализиран, а во практичниот дел сите учесници самостојно се запознаа со користењето на противпожарни апарати и учествуваа во контролирано гасење на пожар на нашите полигони.

🧯Противпожарната заштита не е само гасење на пожар – таа започнува со знаење, подготвеност и превенција.

🙏 Им благодариме на сите учесници за професионалноста и ангажманот.

👉 Нашиот центар е отворен за сите компании, институции и организации кои сакаат навреме и квалитетно да ги обучат своите тимови.

📧 За обука: fire@kouzon.com.mk

📞 Инфо: 078/454-426