ОБУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ПОЖАРНИКАРИ , Скопје 13-16 Мај 2025

Во рамките на оперативните цели на Коузон и стратешката определба за активна соработка со сите организации, институции и поединци , кои промовираат, поддржуваат и реализараат иницијативи за спроведување на ОБУКИ ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА , во периодо то 13-16 Мај , во нашиот тренинг центар се одржа НАПРЕДНА ОБУКА за профсионални пожарникари од ТППА единиците од повеќе градови во Македонија.
Обуката ја спроведе тим на предавачи од ПРОТИВПОЖАРНАТА АКАДЕМИЈА во Манчестер , Англија.


Низ 4 дневната обука, проткаена со теорија и МНОГУ ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ, професионалните пожарникари од Македонија , се стакнаа со знаења и вештини кои одговараат на 3 степен квалификации за инстуктори-обучувачи.
Посебно беше видлива мотивацијата и подготвеноста за надградба кај сите учесници на обуката , кои по завршувањето на 4 дневниот интензивен тренинг, сите стекнати знаења ќе ги споделат со своите колеги од локалните ТППЕ-а.

Kouzon Fire and Rescue Training Center – Скопје , секогаш е ОТВОРЕН за соработка и организирање на вакви и слични ОБУКИ. Како компанија БЕЗРЕЗЕРВНО ги подржуваме сите иницијативи кои придонесуваат кон развивање на поголема свест за противпожарната заштита и сите активности кои значајно ќе придонесат кон подобрување на спремноста на доброволните и професионалните пожарникари за справување со предизвиците кои се појавуваат во гасењето на пожари на отворен и затворен ( урбан) простор.

За повеќе информации, ВЕ МОЛИМ контактирајте не на е-маил fire@kouzon.com.mk или на телефон 078 45 44 26