ОБУКА за вработените од позната Европска компанија

КОУЗОН – ЦЕНТАР ЗА ОБУКА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИНА
СКОПЈЕ – www.fire.mk

info@kouzon.com.mk
31.Maj 2024 #InAKouzonWorld #Kouzonfire
Kouzon Fire and Rescue Training Center , Skopje – Macedonia

Нашиот тренинг центар за противпожарна заштита и спасување е мултифункционален и нуди можност зa изведување на различни модули на вежби за противпожарна заштита и спасување , наменете за професионалните противпожарни единици , но и за граѓанството , т.е. вработените во одредени фирми.

Од самото основање во 2021 година  до денес, ние ја имавме честа да понудиме обуки за вработените во повеќе Амбасади , специјални единици на полицијата , медицински тимови, работни колективи , основни и средни школи , и секако за поголема група на доброволци , кои искажаа спремност да се стекнат со основите на против пожарната заштита.

Денес, 31 Мај , во КОУЗОН тренинг центарот за противпожарна обука, имавме чест да организираме и реализираме обука за вработените од позната Европска компанија.
Во периодов што следи, нашиот календар на активности е исполнет со континуирани активности и низа на содржини кои ќе придонесат голем број на наши граѓани да го искусат предизвикот од соочувањето со пожар , и да стекнат искуство од ракувањето на противпожарни апарати и противпожарна опрема.