ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ЗА ПРВА ПОМОШ

Оваа обука опфаќа содржини поврзани со стекнување на вештини за брза подготовка,спремност и интервенција за спасување и укажување на помош на настрадани лица и животни на тешко достапни места.

icon10
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ЗА ПРВА ПОМОШ

Оваа обука опфаќа содржини поврзани со стекнување на вештини за брза подготовка,спремност и интервенција за спасување и укажување на помош на настрадани лица и животни на тешко достапни места.За тешко достапни места се сметаат планиските области,кањони,провалии,бунари,јами,силоси,високи згради,кранови и др. 

Со обуката можат да бидат опфатени содржини и за спасување во услови елементарни непогоди како што се: катастрофални пожари,поплави,земјотреси,спасување од рушевини и др.

 

Предуслов/услов на курсот

 
  • Посебен интерес и перформанси на оперативен пожарникар-спасител

  • Пожарникар-волонтер (доброволен пожарникар)

  • Останати кандидати со посебен интере и перформанси (планинари,алпинисти,спортисти и др.)

  • Способност на читање и разбирање на англискиот или било кој друг странски јазик со основни познавања 

  • Способност за преговарање во специфични услови со потренцијалните жртви

  • Спремност за изведување на постапка за укажување на прва помош,  преврски и транспорт на повредени лица.

  • Способност за работа на височини и длабочини

  • Да се полнолетни, здравствено и психо-физички спремни


Обуката за спасување од тешко достапни места се извршува на два дела:


  • Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во соодветни услови според програмата;


  • Практичен дел – се изведува во Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во соодветни услови според програмата;


Времетраењето на оваа обука во просек трае една работна недела  (40 наставни часа). Во овој дел од обуката вклучен се и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.

 

Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.




Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден

Fire prevention – Every One – Every Day.
Zoran Kochoski - Kouzon Corporation
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.