Обуката за професионални пожарникари е дизајнирана врз основа на програма донесена од Дирекцијата за заштита и спасување на Р.С. Македонијa
Целта на оваа обука е самите учесници да се стекнат со основни знаења преку теоретска и практична работа за противпожарта заштита.Исто така самостојно да прават проценка на опасностите од пожари, експлозии и опасни материи, да гаснат почетни пожари со помош на противпожарни апарати од сите Класи на пожари, укажување на прва помош на настрадани во пожарите, да спроведуваат евакуација, работа во тимови за гаснење на пожари и др.
Преку програмата за обука за противпожарна заштита учесниците низ теоретска и практична настава ќе се запознаат со домашната законска регулатива и одредени меѓународни стандарди за улогата и значењето на противпожарната заштитаа.
Посебна цел на обуката е значењето на превентивната заштита од пожари,опасностите кон животите, имототот,материјалните и природните богатства. Запознавање со противпожарната опрема и средства за гаснење пожари, примена на тактиката на гаснење пожари, укажување на прва помош во пожарите, Практична употрееба на Противпожарни апарати за гаснење на почетни пожари, Практична примена на хидранти за гаснење пожари и работа останата опрема и алатки за гаснење пожари.
Законска уреденост за противпожарната заштита во Македонија,примена на стандарди и други регулативи
Теорја на процесот на горење
Извори и причини за настанување на Пожари
Мерки за заштита од пожари
Превентивни мерки за заштита од пожари во урбани средини
Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор
Класи на пожари
Видови на пожари според класата и големината
Гаснење на пожарите
Средства за гаснењена пожарите
Гаснење пожари во урбани средини
Гаснење на пожари на отворен простор
Практична работа со опремата за лична заштита на пожарникарите;
Практична работа со ПП црва, скали
Практична употреба на ПП апарати за гаснење на почетни пожари и пожари на отворен простор
Практична употреба на ПП хидранти
Укажување на прва помош на настраданите лица во пожарите
Прва помош на лица со мехнички повреди – скршеници и др.
Прва помош на настрадани лица со труење од чад
Прва помош на настрадани со изгореници
Преврски на повредените
Транспорт на повредените.
Обуките се реализираат во групи од 15 до 25 слушатели, во зависност од заинтересираноста и потребите на граѓаните, институциите и др.
Теоретскиот и практичниот дел од обуките се изведува во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“-Скопје, освен ако условите го дозволуваат да се изведува на терен и во договор со барателот на обуката-услугата.
Времетраењето на оваа обука програмски може да се прилагоди за 1 (еден) или 2 (два) работни дена во зависнсот од целната група.