Обука на персоналот од ЈП Паркови и зеленило - Скопје , тим за одржување на парк-шумата Водно
18.04.2026
Во рамки на нашата програма за едукација и превенција, во Коузон тренинг центарот за противпожарна заштита и спасување, организиравме обука за дел од вработените од ЈП паркови и зеленило на Град Скопје
Посебен акцент за оваа група беше ставен на постапките за гасење на пожар на отворен простор и шумски предели , бидејќи сите учесници од групата се тим за одржување и заштита на Парк шумата Водно.
Теоретскиот дел на обуката успешно беше реализиран, а во практичниот дел сите учесници самостојно се запознаа со користењето на противпожарни апарати и учествуваа во контролирано гасење на пожар на нашите полигони.
Противпожарната заштита не е само гасење на пожар – таа започнува со знаење, подготвеност и превенција.
Им благодариме на сите учесници за професионалноста и ангажманот.
Нашиот центар е отворен за сите компании, институции и организации кои сакаат навреме и квалитетно да ги обучат своите тимови.
За обука: fire@kouzon.com.mk
Инфо: 078/454-426
