Обука од трет степен за идни инструктори: Следниот чекор во градењето на професионалци во противпожарната заштита
Во периодот од 12 до 16 мај 2025 година, во рамки на програмата за напредни професионални обуки, KOUZON Fire & Rescue Training Center беше домаќин на високо-специјализирана обука од трет степен, наменета за професионални пожарникари кои се подготвуваат да ја преземат улогата на идни обучувачи и инструктори во своите служби.
Обука дизајнирана за идни лидери
Со оваа обука, KOUZON Training Center продолжува да го исполнува својот стратешки приоритет: градење на капацитети не само за теренска интервенција, туку и за систематски пренос на знаење, лидерство и развој на идните генерации во противпожарната служба.
Оваа обука беше резултат на успешна соработка со Florian – здружение од Обединетото Кралство составено од експерти со децениско искуство во противпожарни интервенции и обуки. Тие во рамки на програмата споделија дел од своите богати меѓународни искуства, методологии и едукативни пристапи, со цел да се унапреди квалитетот на домашната обука и подготовка.
Комбинација од теорија и реални сценарија
Преку комбинација од теоретски предавања, симулации и практични сценарија, учесниците работеа на усовршување на техниките за едукација и организација на обуки. Посебен акцент беше ставен на методологијата за предавање, комуникациските вештини и развој на менторски капацитет кај секој од учесниците.
Сите учесници беа активни професионалци со значително искуство на терен – пожарникари кои веќе го имаат надминато основното и напредното ниво на обука, и кои покажаа исклучителна мотивација, дисциплина и подготвеност за надградба.
Благодарност за довербата
Искажуваме голема благодарност до ТППЕ Тетово за укажаната доверба и препознавањето на нашата визија и капацитет. Посебно се заблагодаруваме и на професионалните пожарникари од Свети Николе, Дебар, Охрид и Велес, кои со својата посветеност и професионален пристап дадоа дополнителна вредност на оваа обука.
KOUZON – Центар каде се гради иднината
Со ваквите напредни програми, KOUZON Fire & Rescue Training Center се етаблира како водечка институција за обука и развој на кадри во областа на противпожарната заштита во регионот. Веруваме дека со вложување во човечкиот потенцијал, градиме посигурна и побезбедна иднина.
📸 Погледнете дел од атмосферата за време на обуката преку нашата видеото подолу.
www.fire.mk | www.kouzon.mk