Firewatch Training – 14 March 2025

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА 1-ДНЕВНА ОБУКА за Fire Watcher
KOUZON FIRE & RESCUE TRAINING CENTER – Skopje
#InAKouzonWorld#KouzonFirewatchers#fireaiduk

fire@kouzon.com.mk

На 14 Март 2025 – во нашиот Fire and Rescue training center беше успешно реализирана 1 дневна бесплатна обука за новопријавени кандидати за Fire Watchers.

Групата која броеше 47 лица беше едуцирана од тимот на КОУЗОН тренинг центарот.
Покрај теоретскиот дел се, изведе и практичен дел во кој присутните на обуката се запознаа со правилното користење на сите средства за противпожарна заштита кои ќе треба да ги користат во иднина , доколку се приклучат на нашите тимови кои изведуваат работни активности во странство.* сите проекти се реализираат на бродови за крстарење и тоа на пристаништа низ Европа, Азија и Америка.

Подготовката која ја изведовме се должи на се поголемиот интерес кај дел од популацијата во Македонија да се стекнат со знаење и квалификации да изведуваат работни активности како Fire Watchers и секако големиот број на работни проекти кои ги имаме во периодов што следи.

Поголем дел од учесниците на оваа обука ќе бидат веднаш поканети да се вклучат во некој од нашите ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ проекти ширум светот.

Следната обука за Fire Watcher , ќе се организира во месец Мај.