ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО „КОУЗОН“
ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА – АКТИВИРАЊЕ НА ДОБРОВОЛНИТЕ ДРУШТВА
КОУЗОН тренинг центар - Скопје 14-03-2025 година
fire@kouzon.com.mkinfo@kouzon.com.mk
БЕСПЛАТНИ ОБУКИ за лица кои сакаат да се пријават и да се стекнат со квалификации како доброволни пожарникари. – info@kouzon.com.mk 078 45 44 26
Во интерес на општествената заедница и заштита на животи и материјални добра , „КОУЗОН -Центар за противпожарна обука и спасување - Скопје , иницира реактивирање на ДОБРОВОЛНИТЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ДРУШТВА во Македонија.
Иницијативата е резултат на нашето повеќегодишно несебично ангажирање и финансирање во овој сектор на доброволно ангажирање на нашата млада популација.
Како компанија која повеќе години , активно се занимава со обука на лица за противпожарна заштита , со активни членови кои имаат учествувано на повеќе интернационални проекти, и пред се како резултат на постоењето на тренинг центар и полигон за обука на ПОЖАРНИКАРИ – СПАСИТЕЛИ , ја креиравме оваа кампања .
На 14 Март 2025 година - „ КОУЗОН “ ќе организира еднодневна БЕСПЛАТНА ОБУКИ за лица кои сакаат да се пријават и да се стекнат со квалификации како доброволни пожарникари.
Во соработка со неколку институции покренавме кампања за обучување и на доброволни пожарникари за интервенции при гасење на шумски пожари.
ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ И ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ РАБОТНАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО НАШАТА ЕДИНСТВЕНА ТАТКОВИНА
Ве покануваме да се ПРИЈАВИТЕ на info@kouzon.com.mk ( со испраќање на Вашите лични податоци, телефонски број за контакт и информација во кој град живеете )
Со почит
KOUZON FIRE & RESCUE TRAINING CENTER
