Првичните информации од истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во зимскиот центар „Карталкаја“ во Болу, во кој животот го загубија 78 лица, откриваат дека првично пожарот избувнал од невнимание на персонал во кујната на хотелот! Всушност персоналот во кујната се обидел да изгасни распламтено превриено масло со вода, што го предизвикало пожарот!
Покрај ова првично невнимание на персоналот во кујната, истрагата продолжува, има сомнежи за ланец на пропусти во процедурите на функционирањето на Хотелот, поради што до сега се приведени 14 лица, под сомнение за пропусти при организацијата на функционирањето на Хотелот според нормите и прописите одредени со законот за Угостителство на Република Турција.