СТАРТ НА ОБУКИТЕ ЗА FIREWATCHER -2023

КОУЗОН – ЦЕНТАР ЗА ОБУКА НА ПОЖАРНИКАРИ

info@kouzon.com.mk www.fire.mk

ПОДГОТОВКА за ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ проекти кои следат во фебруари и март

Со почетокот на новата 2023 година , започнаат и активностите во FIRE and RESCUE тренинг центарот на Коузон , лоциран во Скопје .

Од 23 до 25 Јануари , во нашиот тренинг центар за обука бевме домаќини на две групи на Fire Watchers , првата од Македонија , а втората од Бугарија .

Нашите Fire Watchers од Македонија имаа refreshment со Mr. Chris Rowley од Fire Aid UK , кој е наш партнер во реализацијата на сите активности поврзани со проектите за обнова на бродовите за крстарење. Целта на средбата беше поврзана со предстојните проекти во Германија и Сингапур.

Проектот во Хамбург и Сингапур , имаат голема важност за нас и Fire Aid бидеќи отвараат многу нови можности за учество во работни активности во месеците кои следат

Групата од Бугарија беше составена од нови FIRE Watchers од Бугарија , кои по дводневниот престој заминаа на работен проект во Франција ( Брест ).

По овој старт на обуките за 2023 , искрено се надеваме дека нашиот тренинг центар ќе биде многу поактивен во периодот што следи , и тоа не само за потребите на нашите тимови , туку и од граѓанството и институциите во Македонија.