ЦЕНТАР ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ОБУКА И СПАСУВАЊЕ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ
НАМЕНСКИ ОРГАНИЗИРАН , СОВРЕМЕНО ОПРЕМЕН И СПРЕМЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ
По повеќемесечни подготовки и финансиски вложувања , „ КОУЗОН“ го претставува пред јавноста, првиот наменски организиран полигон и едукативен центар за обука на пожарникари – спасители, обуки за сите видови на противпожарна заштита и поморски сертификати.
Тренинг центарот е на површина од 5.100 м2 , лоциран во кругот на поранешниот Хемиски комбинат „ ОХИС “ во Скопје , и ги има сите услови да биде средиште на сите идни обуки на македонските професионални пожарникари-спасители , но и на доброволните пожарникари , тимови за заштита и справување со шумските пожари .
На полигонот на овој тренинг центар , планирано е да се изведуваат обуки за извлекување на лица од тешки сообраќани несреќи , обуки за прва помош и спасување во случај на масовни несреќи и обуки за спасување од поплави .
Концептот за функционирање на вакви тренинг центри е развиен во државите на ЕУ и светот . Нашата иницијатива е во склоп на еден дел од активностите на фирмата и интернационалните проекти каде испраќаме на работни проекти Македонски пожарникари .
Во периодов што следи , „ Коузон “ планира да инвестира средства во купување на противпожарно навално возило , но и неколку АТВ-возила со противпожарна опрема за брза интервенција за гасење на шумски пожари и современа опрема за извлекување и спасување од елементарни непогоди.
Имаме иницијатива до државните институции кои се дел од системот за заштита и спасување да го ставиме на располагање нашиот тренинг центар на нивно располагање и по примерот на јавно-приватно партнерство да работиме на заеднички проекти за развивање на системот за превенција и спасување од пожарни и други природни катастрофи.
Специфика на работењето на „ КОУЗОН “ е тоа што сме лидер во цела Источна Европа во областа на вработувањата на бродските Cruises компании , а од 2014 година , во соработка со Интернационалната компанија FIRE AID од Англија, станавме и водечка светка компанија која времено вработува македонски пожарникари на проекти ширум светот.
Преку овие проекти , „ Коузон “ има ангажирано повеќе од 340 Македонски пожарникари и активно работи на процесот на заживување на доброволното пожарникарство во Македонија.