ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ОБУКА во 2021 година
Чест и задоволство ни претставуваше можноста што денес ја имавме .
Во новоизградениот тренинг центар на „ КОУЗОН “ во Скопје , се одржа првата ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА и ТАКТИЧКА ВЕЖБА со тимот за заштита од шумски пожари од Националниот Парк „ Пелистер “
Во реализацијата на тактичката вежба се користеше опрема што Националниот парк „Пелистер “ ја има добиено од Обединетите Нации . * специјален дрон опремен со термална камера како и супер опремено возило за гаснење на шумски пожари.
Екипата од Битола е прва специјализирана единица за брза интервенција за шумски пожари во национален парк во Македонија , позната под името „ ПЕЛИСТЕРСКИ МЕЧКИ “.
Следниот сегмент од тренингот на овој тим , предвиден е да се изведе на теренот на Националниот парк „Пелистер “ каде ќе се работи на градење на специфични тактики за интервенција при пожар и аналитика на дејствување.
Искрено се надеваме дека овој тим нема да има воопшто интервенции во периодов што следи и дека убавите шуми од Националниот Парк „ Пелистер “ ќе останат зелени .
Еве ден од фотографиите од денешната обука .