Како резултат на нашата иницијатива , успеавме да ја „ставиме “ Македонија на картата на Европските асоцијации за противпожарна заштита и спасување.
„КОУЗОН “ – стана полноправен член на најголемата и најреспектабилна асоцијација на националните противпожарни организации.
За жал досега нашата држава не била застапена во оваа интернационална организација.
Да се биде член на ваква организација е голема привилегија бидеќи целта на постоењето на Конфедерацијата е размена на искуство во рамките на члениките , организирање на обуки од секаков вид поврзани со имплементација на Европските регулативи за заштита и спасување , спроведување на стандардите кои ЕУ ги има поставено во овој сектор како и активно учество на врни ЕУ стручњаци во заеднички национални проекти и обуки.
Искрено се надеваме дека нашето членство во оваа Конфедерација , ќе придонесе Македонија да биде ставена на листата на проекти кои ќе бидат во фокусот на реализација во периодов што следи , но и дека ќе оствариме билатерална соработка со повеќе национални сојузи од ЕУ државите.
CFPA – Europe , активно е вклучена во работата на Европските институции и е еден од најактивните субјекти кои придонесуваат за градење на регулативите за заштита и спасување во Европската Унија.