ОБУКИ ВО ОБЛАСТА НА ИНДУСТРИЈАТА

Дизајниравме обуки за лица кои извршуваат задачи од противпожарната заштита во големи индустриски капацитети,трговски центри ,магацини и сл.

icon4
ОБУКИ ЗА ЗАШТИТА НА ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ

Имајќи ги во предвид индустриските објекти и капацитети кои управуваат со техничко-технолошки  процеси  на работа кои користат разновидни репроматеријали и суровии за работа, а може да имаат посебни специфики од аспект на ризикот од пожар,експлозија и др. Со тоа се наметнува потребата од Процена на опасностите за настанување на пожар, експлозија или друг вид на несреќа, анализа на техничката заштита на објкетот и потребата од обуката на вработените.

Обуката за заштита од пожар за потребите на индустриските капацитети се спроведува во два дела:

 

    1. Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во индустрискиот објект.

    2. Практичен дел – се изведува во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или во индустрискиот објект.

Обуката може да биде  еднодневна или повеќе дневна (во зависност од големината на индустрискиот објект, бројот на вработени  и др.), Во овој дел од обуката задолжително се вклучени и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и  спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.

 

Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.



Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден

Fire prevention – Every One – Every Day.
Zoran Kochoski - Kouzon Corporation
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.