Дизајниравме обуки за лица кои извршуваат задачи од противпожарната заштита во големи индустриски капацитети,трговски центри ,магацини и сл.
Имајќи ги во предвид индустриските објекти и капацитети кои управуваат со техничко-технолошки процеси на работа кои користат разновидни репроматеријали и суровии за работа, а може да имаат посебни специфики од аспект на ризикот од пожар,експлозија и др. Со тоа се наметнува потребата од Процена на опасностите за настанување на пожар, експлозија или друг вид на несреќа, анализа на техничката заштита на објкетот и потребата од обуката на вработените.
Обуката за заштита од пожар за потребите на индустриските капацитети се спроведува во два дела:
Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во индустрискиот објект.
Практичен дел – се изведува во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или во индустрискиот објект.
Обуката може да биде еднодневна или повеќе дневна (во зависност од големината на индустрискиот објект, бројот на вработени и др.), Во овој дел од обуката задолжително се вклучени и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.
Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.