ОБУКИ ВО ОБЛАСТА НА УГОСТИТЕЛСТВОТО

„ КОУЗОН “ Fire Academy ја препознава важноста од давањето на професионални препораки на менаџментот (сопствениците ) на Хотелските и угостителските објекти во Р. Македонија .

icon2
ОБУКИ ВО ОБЛАСТА НА УГОСТИТЕЛСТВОТО

Обуки за хотели


 „ КОУЗОН “ Fire Academy  ја препознава важноста од давањето на професионални препораки на менаџментот (сопствениците ) на Хотелските и угостителските објекти во Р. Македонија .
За секој објект, поединечно се прилагодува,изготвува план и програма за обука, во кој се вклучени специфичностите кои ги поседува објектот и поставената опрема, опасностите  за настанување на пожар, како и дефинирање на постапката  во случај на пожар и  евакуација во случај на технолошка хаварија и елементарна непогода.


    1. Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во Хотелскиот комплекс или објект, (вон работно време ).
      Времетраењето на оваа обука е  1 ден (7 наставни часа).


    2. Практичен дел – се изведува во Хотелскиот објект (вон работно време) 


    3. Времетраењето на оваа обука е во просек 1 ден (од 2 до 3 наставни часа). 


    4. Во овој дел од обуката вклучен се и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.

Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.

 

Обуки за ресторани/барови


        Заради потенцијалните опасности од настанување на пожар во комерцијалните угостителски објекти (опрема и уреди за готвење,фритези замрзнувачи, ладилници и сл.) од особено значење е професионалниот приод кон детектирањето на местата кои се под “постојан “ ризик за настанување на пожар како и правилно поставување и одржување на противпожарната и  останатата техничка опрема за заштита и безбедност во објектот.

„ Коузон “ Fire Academy има формирано специјален тим кој е оспособен да ги испланира и постави основните елементи за противпожарна заштита, да ги обучи вработените како да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност за време на работењето и како да постапат во случај на пожар.

Нудиме периодични контроли и сервис на целокупната инсталирана противпожарна  опрема и средства за гаснење, вклучувајќи го и автоматскиот систем за детекција и гаснење на пожари на  вентилациите во кујните.


Обуката за заштита од пожар во комерецијални угостителски објекти се извршува на два дела:


1. Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во угостителскиот објект, (вон работно време ).
Времетраењето на оваа обука е  1 ден (7 наставни часа).


2. Практичен дел – се изведува во угостителски објект (вон работно време)
Времетраењето на оваа обука е во просек 1 ден (од 2 до 3 наставни часа). Во овој дел од обуката вклучен се и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.

 

Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.




Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден

Fire prevention – Every One – Every Day.
Zoran Kochoski - Kouzon Corporation
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.