Оваа обука опфаќа содржини поврзани со стекнување на вештини за брза подготовка,спремност и интервенција за спасување и укажување на помош на настрадани лица и животни на тешко достапни места.
Оваа обука опфаќа содржини поврзани со стекнување на вештини за брза подготовка,спремност и интервенција за спасување и укажување на помош на настрадани лица и животни на тешко достапни места.За тешко достапни места се сметаат планиските области,кањони,провалии,бунари,јами,силоси,високи згради,кранови и др.
Со обуката можат да бидат опфатени содржини и за спасување во услови елементарни непогоди како што се: катастрофални пожари,поплави,земјотреси,спасување од рушевини и др.
Предуслов/услов на курсот
Посебен интерес и перформанси на оперативен пожарникар-спасител
Пожарникар-волонтер (доброволен пожарникар)
Останати кандидати со посебен интере и перформанси (планинари,алпинисти,спортисти и др.)
Способност на читање и разбирање на англискиот или било кој друг странски јазик со основни познавања
Способност за преговарање во специфични услови со потренцијалните жртви
Спремност за изведување на постапка за укажување на прва помош, преврски и транспорт на повредени лица.
Способност за работа на височини и длабочини
Да се полнолетни, здравствено и психо-физички спремни
Обуката за спасување од тешко достапни места се извршува на два дела:
Теоретски дел – во просториите на Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во соодветни услови според програмата;
Практичен дел – се изведува во Тренинг Центарот на „Коузон“ или на терен во соодветни услови според програмата;
Времетраењето на оваа обука во просек трае една работна недела (40 наставни часа). Во овој дел од обуката вклучен се и елементи (содржини) за начини и постапки при евакуација и спасување во случај на пожар, природна непогода или друг вид на несреќа.
Забелешка: За секоја обука се изготвува и прилагодува посебен План и Програма за спроведување на обуката.