Доброволно противпожарно друштво „КОУЗОН

Основните цели на нашето постоење се доброволни ангажирања во заштитата и спасувањето на луѓето и материјалните добра од природни непогоди, пожари во населени места, во шуми, отворени простори, поплави, сообраќајни несреќи и др

logo_kouzon_okc
Доброволно противпожарно друштво „КОУЗОН

Идејата за формирање на доброволното противпожарно друшто „КОУЗОН“ , произлезе од ентузијазмот на членовите на Fire Watch тимот  на „ КОУЗОН „ Скопје кој активно учествува на повеќе интернационални проекти од оваа област .

Нашиот тим брои повеќе од 340 членови , кои се опремени и обучени да пружат противпожарна заштита. 

Основните цели на нашето постоење се доброволни ангажирања во 

заштитата и спасувањето на луѓето и материјалните добра од природни непогоди, пожари во населени места, во шуми, отворени простори, поплави, сообраќајни несреќи и др;

Планирано е нашите активности да се изведуваат на целата територија на Р.С.Македонија,
Членовите на друштвото се од повеќе градови на Македонија.


Комплетното финансирање на ДППД „ Коузон “ е покриено од компанијата „КОУЗОН “-Скопје. 


Заради гаснење на пожари во шуми и други отворени простори, во услови на зголемена опасност од настанување на вакви пожари, доброволините пожарникари на ДППД „ Коузон “ на барање од Дирекцијата за заштита и спасување , доброволно ќе пристапат кон ангажирање како сезонски пожарникари и ќе дејствуваат во состав на единиците за заштита и спасување .
ДППД „ Коузон „ е отворено за нови доброволци кои би сакале д абидат дел од нашиот тим на доброволни пожарникари.


Доколку имате :


1. Полни 18 години
2. Соремност да поминете обука за доброволен пожарникар.
3. Спремност за доброволно ангажирање како доброволен пожарникар
Ве молиме да ја пополните апликативната форма /пристапницата која следи




Противпожарната заштита е обврска на секој поединец и тоа секој ден

Fire prevention – Every One – Every Day.
Zoran Kochoski - Kouzon Corporation
OUR GOALS
Kouzon Fire Training Academy фокусирана е во организирање и реализација на обуки за противпожарна заштита и спасување преку користење на експертските ресурси на нашите предавачи кои се врвни професионалци во областа во која работат.
Покрај понудата на обуки за потребите на нашите национални институции и организации, нудиме обуки кои се дизајнирани за приватниот и граѓанскиот сектор.
И понатаму ќе бидеме посветени кон давање на услуги и кон нашите партнери од странство , преку испраќање на наши пожарникари на проекти ширум светот .

Посебно внимание ќе посветиме на создавање на национални кампања  за запознавање на пошироката јавност со важноста од противпожарната заштита и кон професијата пожарникар-спасител.
Вратите на Тренинг центарот на „ КОУЗОН“ секогаш се отворени за бесплати презентации за средношколците и студентите од Македонија.